fbpx

Папата Франциск одби да коментира за Трамп

-

Римскиот папа Франциск одби да изнесе личен став за доаѓањето на Доналд Трамп на претседателското место со објаснување дека тој е заинтересиран само за влијанието на политичките одлуки врз сиромашната популација, јавува „Ројтерс“.

„Не расудувам карактери на личности и на политичари. Само сакам да знам какви страданија предизвикуваат нивните однесувања врз сиромашните и врз запоставените“, одговори папата Франциск на поставеното прашање од италијанскиот весник „Ла Република“ во врска со неговото мислење за победата на магнатот за недвижности на американските избори.

Папата со аргентинско потекло посочи дека неговата најголема загриженост во овој момент се бегалците и мигрантите и притоа додаде дека мора да се урнат ѕидовите што разделуваат. Во февруари годинава, за време на посетата на Мексико, папата изјави дека личноста што размислува само за градење ѕидови, а не за градење мостови, не е христијанин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...