fbpx

Папата Франциск го осуди самоубиствениот напад во Пакистан

-

Самоубиствениот напад во Пакистан е напад на христијаните и фрли тажна сенка на прославата на големиот христијански празник Велигден, изјави папата Франциск.

Поглаварот на Римокатоличката црква им порача на верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан дека мора да се направи повеќе за да се заштитат припадниците на малцинските религии ширум светот.

– Сакам да ја изразам својата блискост со сите оние кои се погодени од ова кукавичко злосторство. Нападот на христијаните го направи овој Велигден крвав – рече папата Франциск.

Тој ги замоли насобраните верници да се помолат за бројните жртви кои страдаа во вчерашниот напад и за нивните семејства.

Папата Франциск ја повика власта во Пакистан да направи се што е потребно за да го врати мирот и безбедноста помеѓу Пакистанците, а особено помеѓу припадниците на малцинските религии во таа муслиманска земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...