fbpx

Папандреу: Ако се тргне името настрана, Скопје е наш природен сојузник

-

Поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу во интервју за грчкиот весник „Етнос“ вели оти се чини дека актуелната македонска Влада сфатила дека иредентизмот води во ќор-сокак и дека, според него, ако се тргне името настрана, тогаш „Скопје е природен сојузник на Атина“.

– Доколку сегашните околности дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје, ако се тргне настрана името, е нашиот природен сојузник. Решавањето на проблемот, ќе ни дозволи повторно да ја искористиме нашата стратешка позиција на Балканот – вели Папандреу.

Тој вели дека во времето додека бил министер за надворешни работи со македонската страна биле блиску до решение. Папандреу ги споменува и билатералните средби со Никола Груевски, додека и двајцата беа премиери и коментира дека имал чувство дека „Груевски го користи македонското прашање како оправдување за внатрешните проблеми“.

Поранешниот грчки премиер во интервјуто ја критикува опозициската Нова демократија, поради нивното барање, коалиционите партнери во владата да се согласат за една единствена и заедничка позиција околу спорот со името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...