fbpx

Паника кај рибарите и екологистите: кинески крап – толстолобик во водите на Охридско Езеро

-

Во Охрид подолго време се зборува дека во водите на езерото егзистира некаков вид крап кој не е автохтон, а лаичкиот свет го нарекуваше кинески. Сега и научниците од Хидро-биолошкиот институт од Охрид, еколозите, како и рибарите од СРД „Св. Апостол Петар“ го кренаа гласот, алармирајќи за можните тешки последици по живиот свет и билошката рамнотежа.

Неавтохтон за Охридското Езеро крап од подвидот толстолобик, за кус период, бил уловен двапати: лани во декември на далјанот во Струга и деновиве во езерото на охридскиот дел, за време на риболовот за потребите на вештачкиот мрест. Доколку почне природно да се размножува, толстобикот може да предизвика сериозни последици врз автохтониот жив свет, предупредуваат познавачите.

За јавноста и за научниците нема сомнеж дека оваа риба доспеала до езерските води поради човечка негрижа и неодговорност. Граѓаните на Охрид би сакале да им веруваат на информациите дека од другата страна на езерото, во Поградец, Албанија, овој вид риба, вештачки се одгледува во тамошните рибници, од каде е можно да е префрлена во езерските води. Се тврди дека на локалниот пазар во Поградец се продава по цена од 150 денари за еден килограм.

Зоран Спиркоски од Хидро-биолошкиот институт во Охрид, чија специјалност е вештачкото оплодување и одгледување на пастрмката, вели дека човечкиот фактор, без сомнеж, е причината за ваквата појава.

– Појавата на рибата, во секој случај, е овозможена од човечки фактор. Некој ја внел во сливното подрачје на Охридско Езеро, најверојатно за одгледување во некои рибници и на тој начин преку водотеците дошла на места каде не треба да се наоѓа, во овој случај Охридско Езеро – вели Спиркоски.

Загрижени се и рекреативните риболовци.

Радован Димитриевски од СРД „Св. Апостол Петар“ предупредува дека во Македонија не се води доволно грижа за тоа каква сè риба се увезува и со што се порибуваат природните езера. Тој стравува дека Охридско Езеро може да го снајде судбината на Преспанско, каде исчезнуваат одредени автохтони видови риба.

– Неавтохтоните видови ќе го нарушат еколошкиот систем, кој е уникатен и треба да го зачуваме. По ова, веројатно ќе се појави и некој друг вид риба, бидејќи никој не води грижа со што сè се порибува во Македонија. Преспанско Езеро се пориби со неавтохтон вид крап, а со тоа е уништен преспанскиот крап – предупредува Димитриевски.

Инаку, кинескиот толстолобик во Македонија го има во Тиквешко и во Крушевско Езеро и во други акумулации, каде биле уловени примероци тешки до 20 килограми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...