fbpx

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани типови

-

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос, вели дека уште во 1992 година на тогашниот шеф на дипломатијата, Андонис Самарас, му кажал оти северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта.

– Чест треба да ни биде да можеме да го копираме Александар Велики – вели Пангалос во интервјуто, истовремено оценувајќи ја како „правилна“ позицијата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека терминот Македонија не е ничија ексклузивна сопственост.

– Скопје нека се вика ако сака и Атина или Спарта, нека се викаат како сакаат, му кажав на Самарас во 1992 година, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто.

Велејќи дека реакциите како „името Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од „искомплексирани и сомнителни типови и кругови“, поранешниот министер зборува и за можниот референдум во Грција. Според него, народот не донесува секогаш најдобри одлуки.

– Дури 600.000 гласаа за (контроверзниот наводен бизнисмен и „пророк“ Артемис Сорас), па немојте да ми зборувате за народ. Секој што тропа глупости се повикува на „народот“. Но глупав народ не може да се изјаснува на референдум каков што сака Каменос – вели Пангалос.

Слични изјави викендов дадоа и солунскиот градоначалник Јанис Бутарис и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...