fbpx

Панел „Патот до Брисел преку Охрид“ по повод 17 години од Рамковниот договор

-

Тематски панел „Патот до Брисел преку Охрид“ во рамки на одбележувањето 17 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во организација на Секретаријатот за европски прашања.

„Денес, Република Македонија е исправена пред еден од најважните предизвици во својата понова историја – да ја комплетира својата надворешна интеграција. Преку овој панел ќе се обидеме да создадеме врска меѓу Охрид, како симбол на внатрешната интеграција, и Брисел, кој ја симболизира нашата надворешна интеграција, т.е. нашата аспирација за полноправно членство во НАТО и Европската Унија“, се вели во најавата за настанот.

На панелот, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, како и сер Барни Вајт Спунер, поранешен генерал на Британската армија и поранешен командант на НАТО во Република Македонија, за време на потпишувањето на Рамковниот договор.

Специјален гостин на панелот ќе биде и Евелин Фаркаш, поранешната заменичка на помошникот секретар за одбрана на САД, задолжена за Европа и Азија во администрацијата на Барак Обама, одговорна и за политика на САД кон Балканот.

На 13 август 2001 година беше потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во Република Македонија. Документот по повеќедневно услогласување во Охрид, во Скопје во претседателската резиденција на Водно го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и лидерите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДПА Арбен Џафери и на ПДП Имер Имери.

Во својство на гаранти, документот кој е познат и како Охридски договор, го потпишаа и специјалните претставници на ЕУ и на САД Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...