fbpx

Палмер: ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат без страв од закани и одмазда

-

Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и одмазда, изјави Метју Палмер, заменик-помошникот државен секретар на САД, на панел на Белградскиот безбедносен форум.

– Историскиот договор од Преспа ѝ ги отвори вратите за европската иднина на Македонија. Нема алтернатива. Нема „Преспа плус“. Нема подобар договор од овој. НАТО ја покани Северна Македонија да ѝ се приклучи на алијансата – додаде Палмер.

Тој во понеделник ќе допатува во Македонија каде што е предвидено да се сретне со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Палмер исто така ги повика Белград и Приштина да ја видат „историската прилика“ и постигнатиот вин-вин договор, велејќи дека САД немаат никакво готово решение ниту дека се подготвени на било кој да му дадат бланко поддршка.

-Ги охрабруваме двете страни сами да го пронајдат патот напред и да најдат трајно и одржливо решение кое двете ќе го прифатат – наведе тој.

На прашањето дали постојат несогласувања помеѓу САД и ЕУ кога станува збор за идејата за размена на територии или промена на границите, Палмер рече дека САД ја разбираат загриженоста дека размената на територии може да предизвика криза на други места во регионот, но додаде дека и нерешениот конфликт е исто така ризик по регионалната стабилност.

Палер повтори дека САД силно ја поддржуваат европската перспектива на целиот Западен Балкан пред кој и покрај огромниот напредок се уште има долг пат до целосно вклучување во европското семејство на народи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...