fbpx

Палатата „Александар Македонски“ е нова провокација за Грција

-

Во Грција негативно беше дочекана веста дека уште едно здание во Македонија е именувано по Александар Македонски. Голем дел од грчките медиуми ја пренесоа веста дека Археолошкиот музеј се именува како палата „Александар Македонски“ како нова провокација од македонска страна.

Потпаролот на грчкото МНР коментира дека влошувањето на внатрешните проблеми и незадоволството од тоа како се води политиката во Македонија во однос на европската интеграција, се дел од причините поради кои пет европски држави се повлекоа од неформалната група „Пријатели на Македонија“, намалувајќи го од 15 на 10 бројот на држави што ја поддржуваат Македонија во Советот на министрите на Европската унија.

– Воочуваат дека работите не се одвиваат како што треба во една држава што сака да има европска перспектива – истакна Кутрас.

Грција останува посветена на преговорите со Македонија за мерки за градење доверба, но останува и верна на ставот дека го има изодено својот пат на обврски и на отстапки за решавање на спорот за името. Потпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Константинос Кутрас, во интервју за „Агенција 104.9 ФМ“, солунското радио на грчката информативна агенција АНА, вели дека Грција останува на својата црвена линија и на јасна позиција во преговорите со македонската влада.

– Грција ги има направено потребните отстапки, во преговорите не може да сакаш сè да биде по твое. Грција има формирано позиција долги години и сметам дека во одреден момент ќе превладее разумот и кај соседната пријателска држава, која се соочува со голем број проблеми во овој период – вели Кутрас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...