fbpx

Пад на девизните резерви од 67 милиони евра

-

Девизните бруто-резерви на крајот од третото тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.187,4 милиони евра, што претставува пад од 67,5 милиони евра во однос на претходниот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај.

– Намалувањето на девизните резерви во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата, како резултат на остварените високи отплати врз основа на обврски кон странство, а во значително помал дел како резултат на интервенциите на НБРМ, односно остварената нето-продажба на девизи на девизниот пазар во текот на 2015 година. Во 2015 година беше остварена предвремена отплата на кредитната линија за претпазливост кон ММФ, како и редовната отплата на првата еврообврзница издадена во 2005 година, наспроти издавањето на четвртата еврообврзница, што на нето-основа предизвика одливи од девизните резерви – соопшти НБРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...