fbpx

Овоштарите од Преспа пак извисија со обештетувањето од Владата

-

И по осум месеци од невремето во Преспа, кога силен град уништи половина од овошните насади, преспанските овоштари немаат земено ниту денар од државата како обештетување за уништениот род. Згора на сè, една третина од годинешниот род , или 20.000 тони јаболка, остана да скапува по магацините поради пребирливоста на странските пазари.

Овоштарите велат дека губат по стотици илјади евра.
– Нè извисија, требаше одамна да кажат по колку ќе нè обештетат, но досега нема ниту абер ниту пари од Владата. Последно ни кажаа дека за нашата мака ќе се одлучува на владина седница во понеделникот и пак ништо. Овоштарите ги бројат само загубите. По магацините останаа непродадени 20.000 тони јаболка. Дополнително, јаболкото калира, скапува и нема надеж за продажба – вели Љубе Пампулевски, претседател на здружението на овоштари од Преспа, „Благој Котларовски“.

Наместо обештетување, овоштарите од Преспа добиле предупредување од владините службеници, оваа година без отстапки да ги осигураат своите овоштарници и од нив да бараат надомест за евентуални штети, а не од државата.

– Од речиси илјада овоштари, до лани, само двесте ги имаа осигурано своите овоштарници. Сега добивме едно предупредување од Владата да ги осигураме сите своите насади бидејќи државата ни субвенционира 60 отсто од осигурувањето – велат овоштарите од Преспа.

Единствениот спас за преспанските јаболка оваа година е косовскиот пазар, но и таму нема континуитет на пласманот, туку се зависи од пресметките на тамошните трговци.

– Сите светски пазари со кои соработувавме бараа прва класа јаболко, а тоа годинава остана малку во Преспа. Единствено трговците од Косово доаѓаат да откупуваат, ама тоа е многу малку, четири-пет шлепери, двапати во недела. Засега тој пазар остана непребирлив, па се мешаат јабока од прва и од втора класа – вели Пампулевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...