fbpx

Оваа недела Европскиот парламент гласа дали да го зачува или „да го убие“ интернетот

-

Оваа недела, на 12 септември, Европскиот парламент ќе гласа за нацрт-закон со кој се заканува за да го оштети интернетот како што го знаеме. Под маската на реформата на авторските права, постојат голем број на „реформи” кои ќе ги повредат основните права на интернет, ишува Internet Freedom Blog.

Една од нив е членот 11 од законот, со кој се сакаше да се забрани креирање линкови до статиите, освен ако некој претходно не побара и не добие дозвола за тоа. Во текот на преговорите, тоа беше малку разводнето, па од забрана за поврзување се премина на забрана за прикажување на фрагменти од поврзаната содржина, односно цитати од статијата.

Другата е членот 13 од законот, кој, како што е напишан сега, ќе овласти имплементација на поставување филтри од страна на сите интернет-платформи даватели на услуги. Ова би имало длабоки последици врз основните права, како што се слободата на говорот, слободата на здружување и слободата на печатот .

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...