fbpx

Ова е почеток на едно добро пријателство, му порача Јункер на Заев

-

Многу сме задоволни со досегашната работа на премиерот Зоран Заев и иако ова е наша прва средба, знам дека ова е почеток на едно добро пријателство, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан.

– Сакаме да ја охрабриме ПЈРМ да продолжи по патот по кој тргна. Прогресот е значителен и сакам да кажам дека се особено важни односите со соседите, како и средбите со Грција кои ќе се одржат месецов – рече Јункер, притоа истакнувајќи дека очекува реформските процеси да продолжат, особено во разузнавачките служби, правосудството и во јавната администрација.

Јункер истакна дека сите земји од Западен Балкан имаат европска перспектива и дека во следните осум до девет месеци ќе одлучат како ќе продолжат  со секоја од државите во овој процес, во зависност од постигнатите резултати.

Прашан дали отворањето на вратата од неговиот кабинет за лидерите од Западен Балкан значи некаква промена во процесот на евроинтеграциите на земјите, Јункер рече дека засега нема никакви промени.

Премиерот Заев рече дека средбата минала во срдечен и пријателски разговор и оти го информирале претседателот на ЕК, Јункер, со почнатите реформи и со имплементираните делови од планот „3-6-9“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...