fbpx

Отворил казино во Шутка без лиценца

-

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против Б.М. (64) од Скопје, поради постоење основан сомнеж дека приредувал игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган.

Како што соопшти МВР, пријавениот како физичко лице, во текот на 2015 година во точно неутврден временски интервал, во објект во општина Шуто Оризари, поставил 14 автомати и неовластено приредувал игри на среќа со ставање во функција на автоматите, без притоа да ја поседува потребната лиценца од Министерство за финансии.

На 12 ноември 2015 година, по претходна пријава за нарушување јавен ред и мир, полициски службеници излегле на местото на настанот во објектот, при што се затекнати три лица како играат на автомати за игри на среќа, кои неовластено биле поставени од пријавениот, а кој за одреден паричен надомест од 10 до 500 денари им дозволувал на играчите одреден број кредити во автоматите за игра. На тој начин неовластено организирал играње на автомати за игри на среќа и одбегнал да уплати давачка во износ од 78.750 евра во денарска противвредност за добивање лиценца за приредување игри на среќа во автомат-клубот.

Полициски службеници од СВР Скопје-ЕЕКК, во координација со полициски службеници од единица за увид на местото на настан при СВР Скопје и со инспектори од Управата за јавни приходи, извршена е контрола при што е констатирано дека во просторијата има 14 електронски апарати за игри на среќа без сериски броеви. Од инспекторите од Управата за јавни приходи изработен е записник за извршена надворешна контрола, записник за сторен прекршок и решение за забрана за приредување игри на среќа во деловната просторија, а од страна на СВР Скопје-ЕЕКК одземени се паричните средства во вкупен износ од 605 денари затекнати кај пријавениот, 14 електронски апарати за игри на среќа без сериски броеви, 15 клучеви за апаратите и четири клучеви за отворање на автоматот. Затекнатите лица и пријавениот Б.М. биле приведени, со нив биле извршени разговори , при што ги потврдиле наводите од пријавата. Лицето Б.М. претходно не е пријавувано за слични или други кривични дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...