fbpx

Отворена фабриката на „ОДВ Електрик“, Анѓушев порача дека инвеститорите се добредојдени

-

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска на отворањето на фабриката на „ОДВ Електрик“ во технолошко-индустриската развојна зона во Охридско им честиташе на менаџментот и на вработените во компанијата и ги претстави главните насоки на планот за економски пораст, информира кабинетот на вицепремиерот.

– Компаниите, каква што е и „ОДВ Електрик“, се добродојдени во Македонија и ќе бидат сестрано поддржани. Новите инвестиции, кои ќе се вклучат во новата програма за поддршка, која вчера ја промовиравме, ќе бидат уште посилно поддржани од Владата на Република Македонија. Доколку „ОДВ Електрик“ немаше потпишано договор за државна помош и сега донесеше одлука за инвестиција, јас ви гарантирам дека државната поддршка би била и повисока – нагласил Анѓушев.

Според менаџментот на „ОДВ Електрик“, оваа компанија досега инвестирала 4,7 милиони евра во изградба на производствениот погон и во набавка на опрема, а во компанијата работат 220 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...