!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Отворена фабриката на „ОДВ Електрик“, Анѓушев порача дека инвеститорите се добредојдени


       
Струга, 15 септември, 2017 - 19:42 (META) 

Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска на отворањето на фабриката на „ОДВ Електрик“ во технолошко-индустриската развојна зона во Охридско им честиташе на менаџментот и на вработените во компанијата и ги претстави главните насоки на планот за економски пораст, информира кабинетот на вицепремиерот.

– Компаниите, каква што е и „ОДВ Електрик“, се добродојдени во Македонија и ќе бидат сестрано поддржани. Новите инвестиции, кои ќе се вклучат во новата програма за поддршка, која вчера ја промовиравме, ќе бидат уште посилно поддржани од Владата на Република Македонија. Доколку „ОДВ Електрик“ немаше потпишано договор за државна помош и сега донесеше одлука за инвестиција, јас ви гарантирам дека државната поддршка би била и повисока – нагласил Анѓушев.

Според на менаџментот на „ОДВ Електрик“, оваа компанија досега инвестирала 4,7 милиони евра во изградба на производствениот погон и во набавка на опрема, а во компанијата работат 220 лица.