fbpx

Отворена бесплатна линија за пријавување здравствени ризици и проблеми со лекувањето

-

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) отвори  бесплатна телефонска линија 0800-25-555, на која во текот на вообичаеното работно време граѓаните ќе може да пријават најразлични неправилности во сферата на надлежности на инспекторатот.

Тоа се однесува на опасност од заразни болести во објекти во објекти кои подлежат на надзор од ДСЗИ, потоа проблеми во објектите за производство и промет на храна. Граѓаните може да пријавуваат и сомневања за безбедноста на детски играчки, средства за одржување на чистота, козметички производи, како и сомневања за санитарно-хигиенски проблеми во институции и јавни објекти, како и во јавниот превоз и во угостителските објекти.

Покрај тоа, на бројот 0800-25-555 може да се пријават проблеми со остварувањето на правата од здравствената заштита, остварувањето на правата од здравственото осигурување, примената на прописите од областа на здравството, како и остварување на правата на пациентите и начинот на постапување со медицинскиот отпад во здравствените установи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...