fbpx

Откриени тешки метали кај домашни и увозни прехранбени производи

-

Кај 34 мостри од прехранбени производи од увоз и од домашно производство биле откриени тешки метали над дозволените граници, покажува најновиот извештај за здравјето на населението во 2017 година подготвен од Институтот за јавно здравје.

Анализа на контаминација на прехранбените производи со тешки метали во десетте центри за јавно здравје е извршена на 4.550 мостри, од кои 3.527 се мостри од увоз и 1.023 се мостри од домашно производство и промет.

„Недозволено високи концентрации на тешки метали се измерени кај 19 мостри, седум од увозни производи (0,2 отсто) и тоа од групата жито, брашно, а од домашно производство и промет биле детектирани тешки метали кај 12 (1,17 отсто) мостри“, пишува во извештајот.

Во Институтот за јавно здравје во однос на контаминацијата со тешки метали анализирани се вкупно 1.757 мостри, 1.065 од увоз и 692 од домашно производство и промет.

„Од вкупниот број испитани примероци кај 15 мостри (0,85 отсто) е најдена зголемена концентрација на тешки метали. Мостри со зголемена содржина на тешки метали се 13 мостри диететски производ заради зголемена содржина на олово и една мостра пченица заради зголемена содржина на олово“, се вели во извештајот.

Инаку, тешките метали имаат релативно висока густина и се токсични при ниски концентрации.

Во групата на тешки метали се жива (Hg), кадмиум (Cd), арсен (As), хром (Cr), талиум (Tl), никел (Ni) и олово (Pb).

Тие се мошне опасни по здравјето на луѓето и и животната средина. Загадувањето со нив може да произлезе од многу извори.

Најголеми извори на кадмиум (Cd) се јагленот, согорување на гас, нафта (мали количини), рударски активности вклучително и топење, фосфатни ѓубрива, канализациски талог, моторни возила (гуми и масла за подмачкување).

Извори на олово (Pb) се jаглен, нафта, рударски активности вклучително и топење, согорување на гас, канализациски талог, пестициди, моторни возила (бензин).

Извори на арсен (As) се јаглен, нафта, согорување на гас, рударски активности вклучително и топење, согорување на фосилни горива, производство на геотермална енергија, фосфатни ѓубрива, пестициди.

Извори на никел (Ni) се јаглен, нафта, согорување на гас, рударски активности вклучително и топење, производство на челик, согорување на фосилни горива, рафинирање на нафта, канализациски талог, моторни возила (дизел).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...