fbpx

Откриени 18 илегални мигранти во товарен воз

-

Патролен тим од полициската станица за гранично надгледување и граничниот премин Богородица, во саботата викендов, откриле 18 илегални мигранти, сокриени во камионска приколка, товарена на еден од вагоните на товарниот воз, кој сообраќал на линијата од Солун до Ламбах, Република Австрија, соопшти МВР.

Mигрaнтите, како што стои во соопштението на МВР, биле откриени „при извршување на зајакнато обезбедување на државната граница од напливот на илегални мигранти од африканските и од азиските земји“.

„При прегледот извршен на два пломбирани вагони, а во присуство на полициски службеници од полициската станица за граничен надзор на железничкиот премин кај Богородица, цариник и на работници од „Македонски железници“, во еден од вагоните се откриени илегални мигранти, од кои 16 авганистански државјани на возраст од 15 до 36 години, едно седумгодишно дете, како и еден државјанин на Ирак на возраст од 33 години“, стои во соопштението.

Со мигрантите бил извршен разговор и според она што дел од нив го кажале на полицијата, тие немале организатор и во приколката се качиле незабележано додека таа сè уште се товарала и вратите биле отворени.

Илегалните мигранти со протокорален лист ќе бидат предадени на полициската станица Евзони во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...