Откриени 128 килограми марихуана во македонски камион во Србија


       
Владичин Хан, 21 декември, 2017 - 16:24 (META) 

Во камион со македонски регистерски таблички во близина на Владичин Хан, српската полиција пронашла 128 килограми марихуана. Возачот И.И. (69), македонски државјанин, е уапсен, јави „Јужне вести“.

Првично полицајците во резервоарот и во шуплини во камионот пронашла вкупно 131 пакување марихуана со тежина од 80 килограми, а при дополнителните проверки уште 48 килограми марихуана.

Возачот ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство во Белград.