fbpx

Откриени 12 илегални мигранти на патот Демир Капија – Неготино

-

Дванаесет илегални мигранти утрово биле откриени од полицијата на регионалниот пат Демир Капија – Неготино. Мигрантите, од кои 11 биле од Авганистан и еден од Пакистан, се превезувале со возило, марка „фолксваген пасат“, чиј возач успеал да ѝ побегне на полицијата.

„На регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полициски службеници забележале патничко возило „фолксваген пасат“, кое во близина на село Тревник застанало и од него излегле 12 илегални мигранти, додека возачот се дал во бегство“, стои во информацијата за случајот на МВР.

Оттаму додаваат дека мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...