fbpx

Откриена мини-плантажа со марихуана во Радовишко

-

Мала плантажа, на простор од околу 50 квадратни метри, засадена со стебла канабис сатива (марихуана) била откриена од екипи на радовишката полиција, во близина на патот кој води од селото Бучим кон селото Кошево, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат оттаму, стеблата се наоѓале покрај „нискостеблеста шума во ограден простор заштитени со плетена метална мрежа и покриени со зелена мрежа за заштита од град“.

Според МВР, станува збор за вкупно 147 стебла канабис сатива, засадени во 16 реда со осум-девет стебла, со големина од 1,5 до 2,70 метри, во фаза на цветање.

За случајот веднаш бил известен јавен обвинител, а по наредба на судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на Г.Е. (27), државјанин на Турција со привремен престој во Македонија, и кај С.С. (38) и И.С. (33), двајцата од Радовиш.

„По наредба на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода и задржани во полициската станица од општа надлежност во Радовиш. Од судија на претходна постапка, за Г.Е. е донесено решение за определување мерка на претпазливост, односно да се јавува повремено во полициска станица во Радовиш и тоа во парни денови во месецот до завршување на претходната постапка, додека за другите две лица, донесени се решенија за определување мерка на претпазливост со привремено одземање на патните исправи за преминување на државната граница, односно определената мерка на претпазливост да трае сè до правосилноста на пресудата“, стои во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....