fbpx

Откажани летови на скопскиот аеродром поради густата магла

-

Поради густата магла во Скопје и во околината, отежнат е патниот и авиосообраќајот. На скопскиот аеродром „Александар Велики“, според податоците објавени на интернет-страницата на аеродромот, поради намалената видливост, не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и за Барселона.

Од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ) соопштуваат дека магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.

Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по на места влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и во засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...