fbpx

Отказ за унгарската снимателка што тепала бегалци

-

Снимателка на приватна унгарска телевизија синоќа доби отказ откако на интернет и во медиумите се појави снимка на која се гледа како таа со нога удира бегалци и им подметнува нога за да ги турне.

На снимката се гледа жена како удира девојка и сопнува маж, кој во рацете држи дете, додека стотина мигранти, меѓу кои голем број сириски бегалци, бегаат од полицијата на унгарската граница со Србија.

„Вработената на „Н1ТВ“ покажала неприфатливо однесување кај прифатниот центар Реске. Ѝ дадовме отказ на снимателката, кој веднаш стапува на сила“, соопштија од телевизијата, која е позната како „Немзети ТВ“.

– Мислам дека го направивме тоа што моравме во оваа ситуација. Не разбирам како тоа можело да се случи, тоа е шокантно и неприфатливо – изјави главниот уредник на телевизиската станица, Цаболч Кишберк.

Унгарскиот портал 444.hu ја идентификуваше снимателката како Петра Лацло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...