fbpx

Откако Милошоски ja откажа, Џафери пресече и ја закажа Комисијата за надворешна политика

-

Откако седницата на Комисијата за надворешна политика денеска беше одложена четврти пат, претседателот на Собранието Талат Џафери, ја свика Комисијата за денеска, со почеток во 11.30 часот.  Претпладнево првин беше најавено дека Комисијата ќе има седница, но набргу потоа таа беше откажана.

Џафери во соопштението до јавноста вели дека е недозволиво одложувањето на седницата од претседателот Антонио Милошоски, кој се повикал на Деловникот и на најавата од Џафери вчера на средбата со новинарите дека пратениците од денеска се на одмор. Џафери вели дека Собранието е во постојано заседание.

За свикувањето на седницата претседателот на Собранието се повикува на членот 120 од Деловникот на Собранието.

„Член 120 од Деловникот за работа на Собранието пропишал: aко претседателот на работното тело не свика седница кога е должен тоа да го стори, седницата ја свикува претседателот на Собранието.  Недозволиво е денешното повторно одложување на седницата на Комисијата, со образложение од претседателот на Комисијата дека пратениците согласно Деловникот се на одмор од 1 до 31 август, и дека претседателот Џафери, на средба со новинарите најавил дека од 1 август пратениците се на одмот. Член 5 од Деловникот е јасен, освен што го предвидел периодот за одмор, јасно во истиот член, став 1 потенцирал дека Собранието е во постојано заседание“, стои во соопштението од Џафери.

Инаку, според дневниот ред што го одредил Џафери, пред Комисијата треба да бидат претставени неколку платформи или завршни извештаи на македонски амбасадори, а не е предвидено излагање на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 илјади гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...