fbpx

Отфрлена кривичната пријава против Заев и Димитров за загрозување на независноста

-

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава која ја поднесе Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ – Движење на носителите и бранителите на државниот суверенитет „Македонска преродба“ против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров за загрозување на независноста бидејќи пријавеното дело не било кривично дело за кое се гони по службена должност.

Како што информираат од ОЈО, Движењето ја поднело пријавата против Заев и Димитров поради потпишување на спогодбата со Грција со која според нив биле „разнишани темелите постоењето на Република Македонија, како и со која се врши разнебитување и културен геноцид врз Македонците и Република Македонија“.

Во образложението од ОЈО велат дека Заев и Димитров биле пријавени и за кривичното дело Злосторство против човечноста за кое треба да постапува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на спомнатата Спогодба, тргнувајќи од Преамбулата во која се изнесени целите на актот и нејзините основни начела, оцени дека при склучување на Спогодбата договорните страни се повикале на начелата и целите на Повелбата на Обединетите нации, Завршниот документ од Хелсинки од 1975 година, релевантните акти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и вредностите и начелата на Советот на Европа. При тоа се воделе од духот и начелата на демократијата и се повикале на нивна обврска согласно Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, под каков било изговор и во било која форма, да не се мешаат во внатрешните работи и надлежности една на друга. Надлежниот јавен обвинител ценеше дека пријавените при потпишување на Спогодбата не биле ниту под влијание, ниту пак имале помош од државата кон која нашата земја се доведува во потчинетост или зависност, уште повеќе што по потпишувањето на наведената Спогодба следат и други правни инструменти – ратификација и референдум“, додаваат од Обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...