fbpx

Отфрлен предлогот за стечај на „Балкан енерџи“

-

Основниот суд Скопје 2 на 16 мај донесе решение со кое ја прекина постапката за отворање стечај на компанијата производство на топлина, „Балкан енерџи“.

Во образложението на решението на надлежниот суд стои дека ваквата одлука е донесена откако до судот се доставени докази дека компанијата ги има подмирено сите финансиски обврски и дека нејзините банкарски сметки не се блокирани.

Со ова судот констатира дека престанува работата и на претходно назначениот привремен стечаен управник. На ваквото решение на судот не е предвидена можност за жалба од страна на подносителите на предлогот за отворање стечајна постапка.

„Со ваквиот епилог отстранети се сите формалности, по што производство на топлина „Балкан енерџи“ продолжува со интензивните подготовки и ремонтни активности на постојките за претстојната грејна сезона, за нејзин успешен старт во законски предвидените рокови“, информираат од компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...