fbpx

Осум милиони евра од ЕУ за менаџирање со мигрантите на Западниот Балкан

-

Во врска со напливот на илегални мигранти во Македонија од Блискиот Исток и од Африка, Европската комисија реагираше преку писмена реакција. Европската комисија потсетува дека може финансиски да ѝ се помогне на Македонија во овој поглед.

– Европската комисија ја финализира својата програма за менаџирање на мигрантската криза за Западниот Балкан и за Турција, која изнесува 8 милиони евра, а ќе почне да се спроведува во септември 2015 година. Програмата ќе се фокусира на три области: идентификација на мигрантите, споделување на интрарегионални и интеррегионални информации и на механизмите да за понудат решенија за враќање на мигрантите и истовремена примена на практична заштита на специфичните потреби на мигрантите. Комисијата работи, исто така, со Фронтекс, Меѓународната организација за миграции и се координира со високиот комесар за бегалци на Обединетите нации. Комисијата размислува како да даде поддршка преку фондовите, националните програми на ИПА, а се фокусира на капацитетите на заинтересираните земји во областа на азилот, миграцијата и визната политика, како и зајакнување на ранливите категории мигранти и жртвите на шверцот со луѓе. ПЈРМ може да ги користи овие програми – изјавија од Европската комисија за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...