fbpx

Осомничените за вмешаност во нападите ќе бидат изведени пред суд во Мадрид

-

Четворицата осомничени за вмешаност во планирање и изведување на напади во Шпанија, кои беа уапсени минатата недела, по нападот во Барселона, денеска ќе бидат изведени пред националниот суд во Мадрид, јавуваат светските агенции.

Како што пишуваат шпанските медиуми, осомничените се Дрис Укабир, Мухамед Ала, Салх ел Кариб и Мухамед Хули Кемал. Тројца од нив се уапсени на 17 и 18 август во градот Риполи, на северот на Каталонија, а четвртиот е уапсен во Алканара, јужно од Барселона, каде едно лице загина во експлозија на куќа од која, како што подоцна соопшти шпанската полиција, осомничените ги планирале нападите и правеле бомби.

Осомничените утрово биле донесени во националниот суд во Мадрид.

Во нападот во центарот на Барселона, во четвртокот, минатата недела загинаа 13 лица, а над 100 беа повредени кога комби влета во пешаци на улицата Ла Рамбла. Полицијата подоцна пронајде уште едно убиено лице во автомобил, кој најверојатно го користел напаѓачот за бегство. Неколку часа по нападот во Барселона, едно лице беше убиено, а шестмина беа повредени во напад со автомобил на шеталиште во одмаралиштето Камбрилс, кое се наоѓа на околу 120 ки,ометри јужно од Барселона.

Шпанската полиција вчера попладне го уби Јунес Абујакуб, кој беше осомничен дека го возел комбито во Барселона.

Одговорноста за нападите ги презеде терористичката организација Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...