fbpx

Oсомничен во „Транспортер“ доби притвор по сите основи

-

Судија на претходна постапка му одредил 30 дена притвор на еден од осомничените во случајот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО) по сите три основи од ставот 165 од Законот за кривична постапка, додека на други тројца им се определени мерки на претпазливост, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје.

Според информациите, станува збор за вработен во одделот за јавни набавки во Општина Битола, кој е второосомничен во случајот „Транспортер“.

Како што информираат од Кривичниот суд во Скопје, каде се сослушуваат лицата за кои СЈО побара мерки за обезбедување, на осомничениот му е одреден притвор поради опасност од бегство, од влијание на сведоци и поради опасност од повторување на делото.

На другите тројца, според одлуката на судијата на претходна постапка, им се одземени пасошите, имаат забрана за напуштање на живеалиште, односно градот Битола и да се јавуваат пред надлежен суд.

Неофицијално станува збор за управители на три фирми превозници, кои биле дел од коруптивната зделка за автобуски превоз на ученици.

Според информациите од судот, сослушувањето на другите седуммина осомничени треба да продолжи денеска и утре.

Специјалното јавно обвинителство минатата недела отвори истражна постапка поради основани сомневања за сторена злоупотреба со превозот на ученици во Битола, во која осомничени се вкупно 22 лица. Првоосомничен во случајот е битолскиот градоначалник Владимир Талески, против кого не се води постапка бидејќи е еден од 56-те лица кои беа аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...