fbpx

Основци од Гостивар следат настава во студени училници

-

Од почетокот на второто полугодие, поголемиот дел од учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар следат настава во студени училници. Парното греење на првиот кат од овој училишен објект не работи, а дел од училниците се затоплуваат со греалки, кои родителите на децата ги носат од дома.

Дел од родителите најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште додека не се реши проблемот.

– Јас денеска нема да го носам детето на училиште. Сè додека не се реши проблемот со парното, ќе ја бојкотираме наставата – вели родител на ученик во ОУ „Гоце Делчев“.

Од управата на училиштето велат дека проблемот со парното греењето е стар две години.

– Во 2014 година, кога се поставувал овој систем за затоплување, настанал проблем при неговото инсталирање. Се обидовме во текот на зимскиот распуст да го решиме проблемот, но не успеавме – велат од управата.

Од секторот за образование при Општина Гостивар, велат дека побарале помош за решавање на проблемот од Министерството за образование, но одговор оттаму сè уште немаат добиено.

Поради проблемот со греењето, наставата во основното училиште „Гоце Делчев“ се одвива со скратени часови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...