fbpx

Османи: Законот за јазиците има европско знаменце затоа што е дел од евроинтеграцијата

-

Владата одлучи да му додели статус на европско знаменце на предлог-законот за употреба на јазиците затоа што тој е дел од Рамковниот договор, кој, пак, е дел од процесот на европската интеграција на земјата, соопштија денеска од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

„Имплементацијата на Рамковниот договор е нераскинливо поврзана со процесот на европската интеграција на земјата, за што говорат и низата заклучоци на Советот на ЕУ изминативе години, кои укажуваат на потребата од целосна имплементација на истиот како камен-темелник за понатамошно градење на демократско општество со мултиетнички карактер, како рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и Евроатлантската заедница“, се вели во соопштението од СЕП.

Од таму додаваат дека Владата го имала предвид Процесот за стабилизација и асоцијација, преземените обврски со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво и реформските приоритети, преку кои подготвувањето на предлог-законот за употреба на јазиците стана и дел од планот „3-6-9“.

Премерот Зоран Заев на денешната прес-конфернеција, на која даваше отчет за првите 100 дена од новата Влада, рече дека Законот за употреба на јазиците е последното отворено прашање од Охридскиот рамковен договор.

Тој рече дека очекува низ дебата, без криење и во отворен процес да се затвори ова прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...