fbpx

Османи утре во Атина на средба со Коѕиас

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи утре ќе престојува во посета на Атина каде што треба да се сретне со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и заменик министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос.

„Министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, во вторник на 9 јануари ќе му приреди работен ручек на вицепремиерот на Поранешната југословенска Република Македонија, одговорен за односите со ЕУ, Бујар Османи, по повод неговата посета. Разговорите ќе се фокусираат на европски прашања од заеднички интерес. Господинот Османи, исто така, ќе се сретне со заменик министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос“, соопштуваат од грчкото МНР.

Вицепремиерот Османи, пред помалку од 2 месеци, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, рече дека постои позитивен моментум во односите меѓу Скопје и Атина и дека 2018 е златна година за решение на спорот со името.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...