fbpx

Османи се сретна со делегација од Европскиот совет за надворешни работи

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска оствари средба со делегација од Европскиот совет за надворешни односи предводена од Норберт Ротген, претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот која е во посета на нашата земја.

Посетата на претставниците од Европскиот совет за надворешни односи, како што е наведено во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Османи, е со цел поддршка на европската и евроатланската перспектива на Република Македонија, особено во насока на охрабрување на земјата, во овие одлучувачки моменти, за приклучување кон европскиот моментум во регионот.

– Претставува вистинска чест присуството на нашите меѓународни пријатели и добронамерници, чија поддршка во овој период е недвосмислена и претставува важен поттик и охрабрување за граѓаните, во нивната одлука да ја поддржат европската перспектива на земјава – истакна Османи.

Во таа насока вицепремиерот Османи информираше за активностите на Владата, но и на политичките партии околу претстојниот референдум, при што, изрази надеж и очекувања за неговата успешност.

– Граѓаните ја сфатија сериозноста на оваа одлука, а со приближување на денот на одлуката, поддршката за евроатлантската перспектива на земјава расте сѐ повеќе – истакна Османи, потенцирајќи дека очекува зрело однесување и од сите релевантни политички претставници во земјата, кои, како што истакна, очекува дека нема да ја пропуштат оваа неповторлива шанса за да ѝ помогнат на сопствената земја и на сопствените граѓани, во исполнување на нивната аспирација за членство во ЕУ и НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...