fbpx

Османи: Преговорите со ЕУ ќе бидат тежок, долготраен и скап процес

-

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и посебниот советник на претседателот на Владата за евроатлантски интеграции, Бојан Маричиќ денеска на прес-конференција во владата ја презентираа преговарачката структура за пристапување на Македонија во Европската Унија за која рекоа дека е процес кој ќе биде тежок, долготраен, макотрпен, скап и каде што ќе има многу тешки политички одлуки.

Османи рече дека основната функција на процесот на преговори е нашата подготовка за членство и дека трансформацијата треба да резултира со создавање европско општество.

Според моделот кој бил одлучен на вчерашната седница на Влада, ќе има Координативно тело за процесот на пристапување, кое ќе ги утврдува преговарачките позиции на РМ во преговорите. Во него ќе учествуваат примерот, неговите заменици, шефот на дипломатијата, министрите за финансии, економија, правда и информатичко општество.

Османи, како политички преговарач ќе ја предводи државната делегација за пристапни преговори со ЕУ со улога да ги води преговорите и да обезбеди непречено одвивање на процесот по сите поглавја. Заменик на Османи ќе му биде шефот на дипломатијата Никола Димитров, во неа учествува главниот технички преговарач, шефот на мисијата на РМ во ЕУ и секретарот на преговарачката група.

Преговарачка група е третата структура. Таа е задолжена за техничкото ниво на преговорите со ЕК за сите поглавја, а ќе ја предводи главниот технички преговарач, Маричиќ.

Османи појасни дека СЕП ќе биде и Секретаријат на преговарачката група, а ќе биде назначен и секретар на преговарачката група.

-Државните и јавни институции ќе бидат локомотивата на овој процес, а Собранието, судството, опозицијата, граѓанското општество и сите други засегнати страни ќе мораат да бидат вклучени – рече Маричиќ.

Вицепремиерот Османи појасни дека до октомври, СЕП ќе направи мапирање на институциите, на групите на интереси како и конкретните имиња кои ќе дадат придонес на овој процес.

-Ова ќе биде комплексна операција и многу скапа. Се прават пресметки колку ќе чини, министерството за финансии треба да се прилагоди на потребите на овој процес. Владата ќе го финансира овој процес од буџетот бидејќи е една од најважните стратешки цели на државата, а финансиска помош ќе имаме и од ЕУ преку ИПА фондовите бидејќи буџетот не е доволен да ја покрие оваа интензивна агенда – појасни Османи.

Маричиќ вели дека во процесот ќе бидат вклучени повеќе стотици луѓе, а до крајот на процесот таа бројка може да достигне и до илјада луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...