fbpx

Османи предупреди за ризици ако не почнат преговори за зачленување со ЕУ

-

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешниот традиционален појадок што го организираше во Клубот на пратеници во Скопје, предупреди на ризици од раслојување и екстремизам во Македонија, ако наскоро не почнат преговори со ЕУ за зачленување.

– Губењето на надежта за ЕУ и НАТО членство ќе придонесе младите луѓе и натаму да продолжат да ја напуштаат земјата намалувајќи ја работната сила и можностите за развој и раст. Загубата на надежта, исто така, ќе предизвика силен замор од ЕУ и евроскептицизам и ќе ги зголеми анти-НАТО чувствата. Поделеноста на населението по етничка, религиозна и социјална основа ќе се продлабочи што ќе предизвика ранливост на демократските институции и нивниот капацитет да владеат, ќе го намали нивото на отпорност и ќе создаде плодна почва за вмешување и поголемо влијание на трети земји. Ќе отвори простор за навлегување на потенцијални насилни групи зголемувајќи го со тоа ризикот од тероризам, екстремизам и национализам – предупреди тој.

На настанот организиран од Секретаријатот за европски прашања по повод 9 мај, Денот на Европа, присуствуваа амбасадорите на земјите- членки на ЕУ во Македонија, поранешните вицепремиери за европски прашања, како и други претставници на странските претставништва во Македонија.

Османи исто така порача дека Македонија, иако тоа не е формализирано, е веќе дел од Европа.

– Ако ја земеме предвид нашата заедничка историја, заедничка географија, и најважно, нашите заеднички вредности и заеднички стратешки интереси, во политичка и економска смисла, заклучокот е едноставен: Ние веќе сме важен дел од Европа – рече вицепремиерот за европски прашања.

На крајот, Османи, посочувајќи го напредокот на Македонија, ги образложи пред амбасадорите и бројните причините зошто Македонија треба да добие поддршка во своите евроатлански аспирации, повикувајќи ги притоа амбасадорите на земјите членки да ги пренесат овие пораки онаму каде се носат одлуките, во нивните главни градови.

– На состанокот на Советот во јуни, нашето очекување е официјално да слушнеме датум за почеток на пристапните преговори, потврден од Европскиот совет. Ве уверувам дека Владата и администрацијата се подготвени да се справат со предизвиците на преговарачкиот процес – изјави Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...