fbpx

Османи: Потребно ни е искуството на Естонија за формирањето преговарачки тим со ЕУ

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, се сретнал со министерот за надворешни работи на Естонија, Свен Миксер. Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, на средбата се зборувало за приоритетите на естонското претседателство со Советот на Европската Унија до крајот на годината, за политиката на проширување, како и за евроинтегративниот процес на Република Македонија.

Вицепремиерот Османи нагласил дека во Македонија е обновен европскиот оптимизам и се очекува позитивен пристап од ЕУ кон амбициите на земјата за зачленување во европското семејство.

– Овој позитивен момент претставува историска шанса за посериозен чекор во рамките на европските и на евроатлантските интеграции, шанса за која Република Македонија ги вложува сите напори да не ја пропушти. Македонија гледа оптимистички на претседавањето со Советот на Европската Унија од страна на Република Естонија до крајот на годината, период во кој нашата држава е агресивно посветена на реформите и на отстранувањето на сите пречки што го отежнуваат приближувањето на Македонија кон Унијата. Наша цел е, додека трае претседавањето на Естонија, да ги добиеме првите сигнали од Унијата кои ќе бидат во насока на видливоста на европската перспектива на Република Македонија – вели Османи.

Османи побарал и директна помош од Естонија за Секретаријатот за европски прашања, за формирањето, подготовка и обука на преговарачкиот тим за евентуалниот почеток на преговорите да биде дочекан со подготвен тим. Дополнително, Османи побарал и поддршка во искуство и знаење за формирањето и подготовка на преговарачката структура во целата администрација, имајќи го предвид искуството на Естонија, како и сличноста на европската администрација во двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...