fbpx

Османи: Планот „3-6-9“ е 90 отсто реализиран, Иванов да го потпише Законот за јазици

-

Реформскиот план „3-6-9“ на Владата е реализиран 90 отсто и со тоа успеавме да ја вратиме Македонија на вистинскиот, евроатланскиот пат, рече вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Вицепремиерот рече дека ќе биле реализирани и 95 отсто од мерките, но некои од реформските закони, како законот за судови, за кои е потребно двотретинско мнозинство од пратениците во Собранието, не биле изгласани вчера поради барањето на опозицијата за дополнителни консултации.

– Меѓу другите мерки кои што не се реализирани се гласањето на законот за бесплатна правна помош кој е вратен во владата на доработка, носењето на етичкиот кодекс во Собранието, кој е во нацрт верзија но за него треба консензус од сите парламентарни политички партии кој очекуваме да биде постигнат во мај за време на средбите од процесот „Жан Моне“. Пред усвојување е и Стратегијата за соработка помеѓу владата и граѓанскиот сектор и законот за странци кој е во собраниска процедура – рече Османи и додаде дека со завршување на планот „3-6-9“ не завршуваат реформските процеси.

Тој потенцираше дека сите реформи биле донесени низ транспарентен и инклузивен процес и дека биле имплементирани забелешките и од граѓанскиот сектор и од опозицијата

– Пренесувам порака од Брисел дека Македонија успеа да реализира продуктивна реформска агенда и повторно е вратена патот кон ЕУ. Планот „3-6-9“ е успешно спроведен и на 17 април очекуваме да биде крунисан со позитивен извештај, најдобар за Македонија до сега и чиста безусловна препорака за почеток на преговори – вели Османи.

Во анализата на владата, како завршена мерка стои и усвојувањето на Законот за јазици иако тој не е ставен во функција поради таканареченото џебно вето на претседателот Ѓорге Иванов. Османи вели дека оваа мерка е обележана како исполнета затоа што ги поминала сите процедури и додаде дека овој закон ја искажува волјата на парламентарното мнозинство и на граѓаните. Тој го повика Иванов да го потпише законот и да биде кохезивен фактор во општеството.

– Иванов избира да остави празна книга за неговиот мандат, иако може да биде кохезивен фактор. Има уште неколку дена да го направи тоа. Ако не го направи, постојат други начини како законот да се стави во функција, но ќе почекаме да видиме што ќе одлучи Иванов – додаде Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...