fbpx

Османи – Палмер: Македонија ја очекува поддршката од САД и во периодот што претстои

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи за време на неговата работна посета на Вашингтон, се сретнал со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, во американскиот Стејт Департмент.

Тој му посочил на Палмер дека успехот на потпишување на протоколот за НАТО претставува резултат токму на стратешкото партнерство помеѓу САД и Македонија за кое истакнал дека очекува да продолжи и во иднина.

– САД се повеќе од стратешки партнер на Македонија, туку и веројатно најважниот пријател, со чие присуство и активно учество остварени за најважните пресвртни точки од независноста на земјата – истакнал Османи.

Вицепремиерот потенцирал дека Македонија ја очекува поддршката на САД и во периодот што претстои односно при целосното членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во Европската Унија

– Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на САД, ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот – додал Османи.

Во рамките на посетата на Сенатот, Османи се сретнал и со Сенаторот Рон Џонсон, претседавач со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања во Сенатот на САД кој го известил за неговата иницијатива, заедно со сенаторката Џеин Шахин, да му се препорача на Советот на ЕУ во јуни оваа година да ја потврди одлуката за почеток на преговорите.

Џонсон посочил дека текстот на таа резолуција се очекува да биде финализиран и ставен на дневен ред на Сенатот на почетокот од следната недела.

Претходно вицепремиерот учествувал и на традиционалниот молитвен појадок во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп, а во Конгресот ќе се сретне со новиот претседавач со Комитетот за надворешна политика во Конгресот на САД, Елиот Ејџел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...