fbpx

Османи: Официјалната употреба на албанскиот јазик е услов без кој не може да се преговара

-

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица, доцна попладнево почна средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и потпретседателите на партијата. На средбата на која учествува и дел од тесното претседателство, според портпаролот Бујар Османи, се разговара за тековни прашања за добивање на мандатот за составот на нова влада, одлуката што треба да ја донесе централното претседателство на партијата.

Ова највисоко партиско тело, како што рече Османи, ќе биде свикано кога работните групи на партијата ќе имаат усогласени материјали, по однос на прашањата и на предлозите што ДУИ ги постави како услови без кои не може да се преговара.

– Еден од тие услови е официјална употреба на албанскиот јазик, предлог кој е доставен од ДУИ, и тој не е почетна позиција за преговори, туку е услов без кој не се може. Тој текст не може да биде предмет на преговори или да се стесни во ниту една буква, тоа е оптимумот што го предвидуваат Рамковниот договор и Уставот, и во ниту еден дел не излегува од Уставот, но го решава ова прашање кое не е решено со Рамковниот договор. Значи, текстот не е предмет на преговори, туку се работи за прифаќање или неприфаќање – рече Османи.

Тој рече дека за точките од албанската платформа кои предвидуваат промена на Уставот, потребно е почнување на, како што го нарече, македонско-албански дијалог.

– Платформата која беше донесена, беше постигнување на внатреалбански консензус, за да се почне македонско-албански дијалог. Промената на Уставот бара да се вклучат сите парламентарни партии, затоа што за да се промени Уставот, потребно е двотретинско мнозинство – вели Османи.

Тој додаде дека вечерва нема да се донесе никаква одлука и не прецизираше кога партијата ќе го свика централното претседателство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...