fbpx

Османи од Иванов побара поддршка за договорот со Бугарија и за законот за јазиците

-

Претседателот Ѓорге Иванов и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретнаа во вилата „Водно“ и разговараа за кохабитацијата помеѓу Владата и претседателот на државата, како и за односите помеѓу политичките претставници и можностите за унапредување на меѓусебната соработка, информираат од кабинетот на вицепремиерот.

– Иако наша партиска определба останува принципот на етничка консензуалност при изборот на следниот претседател на Република Македонија, подаваме рака за остварување единство, консензус и поддршка за реформите потребни за нашите европски и евроатлантски интеграции. Инклузивноста е важна за да обезбедиме постабилна и поредовна кохабитација помеѓу Владата и претседателот, со што би се обезбедила поефикасна и постабилна функционалност на политичкиот систем – изјави Османи по средбата.

На средбата, Османи го претставил планот „3-6-9“ и од Иванов побарал поддршка за спроведување на мерките и на реформите и за остварување на политичко единство за теми како што е договорот со Бугарија, но и градењето доверба помеѓу Македонија и Грција.

– Меѓу другото, особено внимание посветив на експликација на делот од планот поврзан со меѓуетничките односи, т.е. новиот предлог-закон за употреба на јазиците. Покрај поддршката и за другите мерки од планот „3-6-9“, од претседателот Иванов побарав поддршка и за новиот закон за употреба на јазиците – рече Османи и додаде дека очекува поддршка за новиот закон за употреба на јазиците и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...