fbpx

Османи на средба со Могерини: Ги испорачавме реформите, очекуваме позитивен извештај

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска во Брисел се сретна со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.

Од кабинетот на Османи информираат дека на средбата, вицепремиерот го презентирал напредокот во имплементацијата на планот „3-6-9“, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Република Македонија.

-Доаѓам со добри вести од Република Македонија. Онака како што ветивме пред девет месеци, навреме испорачавме реформи во соодветниот период за извештајот на Комисијата позитивно да го оцени нашиот напредок – рече Османи.

Тој на Могерини и соопштил дека делот „3“ од планот „3-6-9“ владата го заокружила со фер и слободни избори, дека биле изготвени стратегии и суштински реформски закони во инклузивна постапка, дека се подобрени односите со соседите и дека се очекува да се донесат и последните реформски закони за кои што е потребно двотретинско мнозинство.

Во делот на отстранувањето на политичките пречки, Османи посочил и на донесувањето на Законот за јазиците, како последен сегмент од легислативниот дел од Рамковниот договор и изразил надеж дека со неговата имплементација ќе се изгради цврсто, стабилно и просперитетно мултикултурно општество во Република Македонија.

Средбата Османи – Могерини се одржува во пресрет на излегувањето на Извештајот на Европската комисија за состојбите и напредокот на Република Македонија, кој излегува за неполна седмица на 17 април.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...