fbpx

Османи му го презентирал планот „18“ на евроамбасадорот Жбогар

-

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи пред евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија го презентирал новиот реформски план на Владата, наречен план „18“, со кој, според Секретаријатот за европски прашања (СЕП), јавноста ќе биде запознаена откакона  следната седмица ќе се најде на седница на Владата.

На почетокот, Османи изразил задоволство од „имплементацијата на планот „3-6-9“, особено неговата валоризација во еден од најпозитивните извештаи за Република Македонија, кој беше придружен со чиста и безусловна препорака за преговори од страна на Европската Комисија“, се вели во соопштението на СЕП.

– Владата има цврста определба да ја задржи реформската агенда на врвот на листата приоритети и по завршувањето на имплементацијата на планот „3-6-9“, за што, Секретаријатот за европски прашања  презеде обврска да изготви нов реформски план за 2018 година, чија реализација треба да заврши со излегувањето на новиот извештај на Европската Комисија на почетокот од следната година – рекол Османи.

Тој нагласил дека планот „18“, кој сѐ уште е во фаза на усогласување, се очекува да помине на Влада следната недела, по што ќе биде ставен на увид и на експертската јавност и граѓанскиот сектор, кои би требало да учествуваат во неговата финализација.

Вицепремиерот Османи нагласил дека во планот влегуваат сите забелешки и сугестии нотирани во Извештајот на Европската Комисија, а истовремено, ги повикал евроамбасадорот Жбогар и Делегацијата на ЕУ во Македонија да придонесат со свои забелешки, сугестии и коментари.

По усвојувањето на планот, Османи во Брисел ќе го презентира новиот документ пред администрацијата на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...