fbpx

Османи му го предаде извештајот за реализацијата на планот „3-6-9“ на Жбогар

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во пресрет на утрешното излегување на Извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, му го предаде на Евроамбасадорот Самуел Жбогар, финалниот фактографски извештај за реализација и имплементацијата на реформите од Планот „3-6-9“.

– Реализиравме преку 90 отсто од предвидените реформи во Планот „3-6-9 “и 100 проценти од неговата суштина. Планот ја постигна неговата цел и ја врати земјата на евроатланскиот пат – рече Османи и додаде дека очекува убави вести утре од Брисел за Македонија, при претставувањето на Извештајот на Европската Комисија за земјава.

Од Секретаријатот за европски прашања потсетуваат дека Планот „3-6-9“ беше усвоен во јули минатата година и дека неговата цел била да се одмрзне реформскиот процес во Република Македонија и враќање на државата на евроатланскиот пат.

„Делот „3“ беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, додека делот „6“ заврши со излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025. Периодот за имплементација на делот девет, т.е. на целиот План 3-6-9 истекува утре, 17 април, со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава“, велат од СЕП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...