This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Dec 10 0:32:49 2018 / +0000 GMT

Османи му го предаде извештајот за реализацијата на планот „3-6-9“ на Жбогар




Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во пресрет на утрешното излегување на Извештајот за состојбите и напредокот на Република Македонија, му го предаде на Евроамбасадорот Самуел Жбогар, финалниот фактографски извештај за реализација и имплементацијата на реформите од Планот „3-6-9“.

- Реализиравме преку 90 отсто од предвидените реформи во Планот „3-6-9 “и 100 проценти од неговата суштина. Планот ја постигна неговата цел и ја врати земјата на евроатланскиот пат – рече Османи и додаде дека очекува убави вести утре од Брисел за Македонија, при претставувањето на Извештајот на Европската Комисија за земјава.

Од Секретаријатот за европски прашања потсетуваат дека Планот „3-6-9“ беше усвоен во јули минатата година и дека неговата цел била да се одмрзне реформскиот процес во Република Македонија и враќање на државата на евроатланскиот пат.

„Делот „3“ беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, додека делот „6“ заврши со излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025. Периодот за имплементација на делот девет, т.е. на целиот План 3-6-9 истекува утре, 17 април, со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава“, велат од СЕП.

Post date: 2018-04-16 16:15:49
Post date GMT: 2018-04-16 14:15:49
Post modified date: 2018-04-16 16:15:49
Post modified date GMT: 2018-04-16 14:15:49

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com