fbpx

Османи: Македонија не смее да си дозволи да го пропушти овој бран на европски оптимизам

-

Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето на Унијата, изјавил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Според Османи, создадени се соодветни услови за 2018 година да биде историска година за Македонија за евроатланските амбиции. Тој потенцирал тоа дека е важно за Унијата да може полесно да се справи со новите предизвици, уште поважно за стабилноста на регионот, а најважно за Република Македонија, „која не смее да си дозволи да го пропушти овој моментум на европски оптимизам“.

Осамни и и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ја истакнале успешната реализација на планот „3-6-9“ чија имплементација, според нив, ќе ги одрази барањата на Унијата за реформи во Македонија.

Вицепремиерот за европски прашања на Могерини и ја пренел и намерата на Владата за „храбро и позитивно да се посвети на затворањето на сите отворени политички прашања, како што и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...