fbpx

Османи – Која: ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на бројните предизвици

-

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

– Мисијата на ОБСЕ одигра важна улога во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото – истакна Османи, притоа додавајќи дека, поддршката на ОБСЕ уште од самите почетоци на демократскиот развој на Македонија, претставува нераскинлив дел од изградбата на демократското општество.

Двајцата соговорници разговарале и за актуелната политичка состојба во земјава и активностите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во пресрет на претстојниот референдум.

– Очекувам мирен и достоинствен ден во недела на 30 септември, каде граѓаните во мирна и достоинствена атмосфера, слободно ќе ја изразат својата волја – истакна Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...