fbpx

Османи: Институциите треба да се посветат на реформите

-

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Ѓорѓи Сламков, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

Османи на состанокот посочил дека покрај Владата, владините институции, Собранието итн., потребно е и останатите институции, кои се политички независни во својата работење и одлучување, да се посветат на реформите предвидени во планот „3-6-9“.

– Процесот на евроинтеграции има наднационален приоритет и е од интерес за сите граѓани на Република Македонија. Во таа смисла потребано е сите институции чија обврска се интересите на граѓаните да се посветат на реформите кои се во насока на приближување кон европските правила – истакна Османи.

Тој истакнал дека треба да се спроведат длабински и детални реформи, секаде каде што тоа е неопходно и тоа не само заради ЕУ, туку доброто на земјата и нејзините граѓани.

Комисијата дала поддршка за реализација на предвидените мерки во планот кои се во нејзина надлежност имајќи предвид дека истите се во насока на обезбедување поголема транспарентност на државните институции, но и олеснување на слободниот пристап до информации од јавен карактер за сите заинтересирани страни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...