fbpx

Османи домаќин на третиот заеднички комитет помеѓу Македонија и Црна Гора

-

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска беше домаќин на третиот заеднички комитет на Македонија и на Црна Гора, кој се одржа во Скопје.

Од Црна Гора беше присутна висока делегација предводена од министерот за европски прашања и главен преговарач на Црна Гора во преговорите со ЕУ, Александар Андрија Пејовиќ. Состанокот се одржа во рамките на Договорот за соработка меѓу двете Влади во процесот на европските интеграции.

„Македонија, на пример, прва во регионот, пристапи кон процесот за Стабилизација и асоцијација уште во 2001 година, и во наредниот период силно напредуваше во пристапување кон ЕУ. Нашите искуства тогаш ги споделувавме со сите земји од регионот, меѓу кои и со Црна Гора. Денес, откако ние изминавме еден подолг период на застој во напредокот кон ЕУ, црногорското искуство, како земја која ги почна и успешно напредува во преговорите со ЕУ, несомнено претставува важна придобивка, како за Македонија, така и за другите земји аспиранти од регионот“, истакна Османи, пред почнувањето на состанокот.

Пред овој состанок на заедничкиот комитет помеѓу Македонија и Црна Гора, беа одржани два вакви состаноци, од кој првиот беше одржан во Скопје, додека вториот беше одржан минатата година во Бар, Црна Гора.

Целта на овие состаноци е размена на искуствата помеѓу двете земји за процесот на европска интеграција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...