fbpx

Османи: Ако направиме сè што треба, во јуни очекувам датум за преговори

-

Во јуни чекаме датум за почеток на преговори со ЕУ, се разбира, ако ја завршиме работата како што треба, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вечерва во Собранието, на седницата посветена на пратеничките прашања.

Одговарајќи му на пратеникот Артан Груби за тоа што се работи на планот на евроинтеграциите, Османи рече дека политичката одговорност и на власта и на опозицијата е да се добие датум за преговори и повика на конзенсуз на владејачкото мнозинство и на опозицијата за да се исполнат обврските и да се донесат бараните законски решенија.

– Контактирав и со претседателот Иванов и упатувам апел и до пратениците. Консензусот не сме го смислиле ние, сите други пред нас го направија тоа. Да ги сопреме партиските агенди барем до јуни, за да ги постигнеме целите, оти не знаеме кога оваа политичка можност ќе се врати повторно – порача Османи.

Тој рече дека политичката криза ѝ наштетила на земјата и во очите на нејзините пријатели ѝ го успорила патот кон евроатлантските интеграции, а главната улога на мнозинството е да ја врати Македонија на евроатлантскиот пат.

– Во јануари почнува да се подготвува извештајот, а ние реформите мора да исполниме до 31 декември. Главните столбови се реформите на судството, тајните служби и на јавната администрација. Мора да донесеме до 31 декември закони за Советот за факти и за Судскиот совет, за заштитата на сведоци – рече Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...