fbpx

Орбан му соопштил на Мицкоски дека ги поддржува евроинтеграциите на Македонија

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска во Будимпешта се сретна со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

На средбата, досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и унгарската владејачка партија ФИДЕЗ била оценета како одлична и од двете страни било констатирано дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Орбан изразил целосна поддршка за новото раководство на партијата и за патот кон евроинтеграциите на нашата земја.

„Мицкоски го информираше Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици. На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Орбан и Мицкоски заклучиле дека соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ и понатаму ќе продолжи да се развива насока на продлабочување на пријателските односи, како и во насока на споделување на искуствата помеѓу двете партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...